Чест ми е дека Американците ме напаѓаат, рекол папата Франциск во авионот со кој денеска патувал во Мозамбик, примијќи ја на подарок книгата „Како Америка сака да го смени папата“ од еден од новинарите.
Папата, роден во Аргентина, секогаш поединечно ги поздравува новинарите кои патуваат со него.
„Ова е бомба“, рекол папата, насмевнувајќи се кога новинарот на францускиот весник „La Croix“, Николас Сенезе, му ја подарил книгата што излезе денеска.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, се обидел да ја ублажи изјавата на папата.
„Во извесна смисла, папата сакаше да каже дека критиките секогаш му служат на чест, особено ако доаѓаат од експерти и од голема земја, како што е во случајот“, рекол Бруни.
Сенезе во својата книга, која била во центарот на вниманието во авионот полн со американски репортери на летот за Африка, вели дека ги раскажал настаните од минатата година, што била исклучително тешка за папата и во текот на која дел од ултраконзервативните американски католици се обиделе да го принудат да даде оставка.