Повторно тепачка на мигранти во Бихаќ, граѓаните огорчени

Уште една тепачка избувна во Бихаќ меѓу мигрантите.

Тепачката се случила синоќа околу 10 часот, што ги вознемирило станарите на околните згради, кои биле разбудени од вревата, врескањето и звуците на трескање.

На видеото што го објавил еден од станарите се гледа група од најмалку седум мигранти.

Едниот од нив бегајќи паднал на земја, а другите продолжиле да го удираат додека тој врескал и лелекал.

Граѓаните на Бихаќ се огорчени затоа што, како што пренесува Klix.ba, ваквите непријатни сцени се случуваат секојдневно.

Треба да знаете
Последни објави