Русија разви ново оклопно возило за придружба на нуклеарни конвои кое подоцна може да добие и цивилна варојанта, пренесува „Спутник“.
Новиот руски оклопен автомобил наменет за придружба на конвои кои преведуваат нуклеарно оружје е создаден врз основа на шасијата на оклопното возило „тајфун“, вели Игор Зарахович, главен конструктор на компанијата „Ремдизел“, во која е произведено возилото.
„Возилото е предвидено за 12. Главна управа на Министерството за одбрана и веќе ги помина фабричките тестирања. Важно е да се напомене дека шасија 4386 е највисоко руско возило. Се потрудивме максимално да користиме руски делови и да најдеме што е можно повеќе руски компании кои се подготвени да развиваат замени за странските системи“, истакнува Зарахович.
Тој додаде да „Ремдизел“ планира да развие и цивилна верзија на „Тајфун“, која ќе може да се користити при работа во тешки климатски услови, па и на Арктикот.
Цената на новото оклопно возило за војската е намалена за 30 отсто поради поедноставениот систем и замената на амортизерите.
„Тајфун“ е серија руски оклопни возила со зголемена заштита. Првиот автомобил е прикажан во 2011 година, а во 2014 година возилото учествуваше на Парадата на победата во Москви.