Серена Вилијамс експресно до полуфиналето и 100. победа на УС опен

Американката Серена Вилијамс ќе игра во полуфиналето на тенискиот гренд слем турнир УС опен, откако ноќеска ја победи Кинеската Ванг Кианг во второто четвртфинале со 2:0. Вилијамс на ривалката и препушти само еден гем во првиот сет и експресно за само 44 минути извојува победа.

За Серена ова беше 100. победа во кариерата на УС опен. Во полуфиналето Вилијамс ќе се соочи со Украинката Елина Свитолина.

Вкупниот награден фонд на гренд слемот во Њујорк изнесува 57,2 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави