Бројот на Германци кои поседуваат таканаречена „мала вооружена листа“ повторно се зголемува. Моментално 640.000 граѓани смеат да поседуваат воздушно оружје (плашливки), пренесува германскиот дневен весник „Рајнише пост“. Порастот особено е забележан во две германски покраини, пишува „Дојче веле“.
Со овој документ можат во јавност со себе да носат бибер-спреј или таканаречен „плашливец“ (стартен или воздушен пиштол). Ова оружје всушност не може да испали вистински куршуми, но и такви „ќори“ се опасни. Испалени од непосредна близина можат да имаат дури и смртоносни последици.
За некој да добие дозвола за носење такво оружје треба пред се да биде полнолетен, да добие од полиција потврда дека не е казнуван, како и дека е способен да носи оружје.
Во однос на бројот на население, најмногу сопственици на вакво оружје има во две сојузни покраини: Шлезвиг-Холштајн (9,6 дозволи на 1.0000 жители) и во Сарската област (9,2)