Брод на Фронтекс што патролирал во Егејското море во рамките на европската операција „Посејдон 2019″, рано утрово лоцирал и спасил 35 бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Хиос, соопштија од грчката крајбрежна служба.
Чамецот бил откриен во југоисточниот дел на островот што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, а бегалците и мигрантите биле спасени и пренесени до пристаништето на Хиос.