Србија ја реши Италија во првиот посериозен испит

Во последниот натпревар од Д групата на кошаркарскиот мундобаскет во Кина, првиот фаворит за златниот медал, според рејтинг-листата на ФИФА, Србија ја совлада Италија 92:77 (28:23, 22:19, 20:15, 22:20) и со максимален број на бодови како првопласирана продолжува во наредната фаза, каде ги очекуваат дуели со Шпанија и Порторико.

Избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ го решија првиот посериозен тест на мундобаскетот. Оставрија многу значаен триумф, за самодоверба во продолжението од првенството. В петок Србија игра со Порторико, а в недела со Шпанија, по што следува нокаут-фазата.

Богдан Богдановиќ уште еднаш беше најдобар во српскиот состав, а со 31 поени воедно беше и најефикасен на мечот. Двоцифрен број на поени постигнааа и Никола Јокиќ 15, Мирослав Радуљица  12 и Стефан Јовиќ 11.

 

 

Треба да знаете
Последни објави