Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан кој заедно со марио Манџукиќ не се најдоа на списокот со пријавени играчи на италјанскиот првак за натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите се чувствува издриблан од страна на раководството на „старата дама“. Овој потег на Јувентус го збесна Џан.
– Шокиран сум. Разговорот траеше една минута. Ништо не ми објаснија. Многу сум бесен. Ми ветија нешто минатата недела. ПСЖ ме бараше, но решив да останам со Јувентус. Услов беше да играм во ЛШ. Јувентус ми вети. И ја одбив понудата на ПСЖ. Бев измамен. Да го знаев ова, повеќе не би играл за Јувентус, изјави Џан.