Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Коалицијата најостро го осудува чинот на шовинизам и говор на омраза од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кон министерката за финансии Нина Ангеловска, изјави Ивана Туфегџиќ , пратеничка од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ.
-Потегот на Стоилковски е срамен, неодговорен и недоличен, особено кога станува збор за портпарол на најголемата опозициска партија. Ги повикуваме пратеничките и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да ги осудат шовинизам и сексизмот во објавата на Стоилковски. Истовремено, го повикуваме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го осуди и да се огради од ваквиот срамен чин на портпаролот на неговата партија. Ваквото укажување на шовинизам и сексизам, го уназадува и оневозможува секој обид за нормална дебата за политики базирана на аргументи. Бараме Наум Стоилковски, веднаш да се извини, не само на Ангеловска, туку на сите жени кои извршуваат јавна функција, а кои со неговото однесување ги навреди.
Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на градење на концептот едно општество за сите, општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски. Во Северна Македонија, не смее и и нема да има простор за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените, рече Туфегџиќ.