Нашето враќање кон целосна имплементација на нуклеарниот договор зависи од добивањето 15 милијарди долари за период од четири месеци, во спротивно ќе продолжи процесот на намалување на ангажманите на Иран, изјави заменик-министерот за надворешни работи Абас Аракчи.
Иран од неодамна преговара со Париз за враќање кон целосна имплементација на Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА). Франција и понуди на исламската република кредит кој би бил гарантиран со иранските нафтени приходи, но планот зависи од одобрението на САД да се укине забраната за извоз на нафта.