Транспарентност-Задоцнета одлуката на Владата за работната група за унапредување на изборите со ОБСЕ

Одлуката на Владата на Србија да формира работна група за соработка со ОБСЕ околу изборните услови е задоцнета, соопштија денеска од Транспарентност Србија, кои сметаат дека работната група која треба да известува на секои шест месеци за својата работа укажува да никакви сериозни реформи нема да се превземат до крајот на оваа година и да проблемите нема да бидат решени до наредните парламентарни и локални избори.

Транспарентноста потсетува дека Србија добила препораки од ОДИХР (Канцеларија за демократски институции и човекови права) уште после изборите во 2016 и 2017 година.

-Оттогаш се преземени некои активности поврзани со препораките околу изборниот список, но ништо не е преземено за решавање на проблемите со финансирање на изборната кампања, презентирање на активностите на јавните службеници за време на кампањата или транспарентноста на работата на изборната администрација, се вели во соопштението.

Од организацијата додаваат дека во реалноста ситуацијата дури се има влошено откако ОДИХР дало препораки, особено во однос на интензитетот на водењето на функционерските кампањи, (не)спроведувањето на контрола за финансирање на кампањите и злоупотреба на јавните ресурси за време на локалните изборни кампањи.

-Транспарентност Србија за време на изборниот дијалог посочи дека формирањето работна група на ниво на владата може да има смисла само ако ја охрабри работата на сите други што треба да работат за подобрување на регулативите засновани врз препораките на ОДИХР, така што сите реформи можат да донесат ефект пред почетокот на кампањата за наредните избори. Меѓутоа, не само што не е започната работата за изменување и дополнување на прописите, туку засега нема индикации дека воопшто постои подготвеност нешто да се напрви околу ова во скоро време, порачаа од Транспарентност Србија.

Во врска со престојните избори и улогата на ОБСЕ, како што јави допсникот на МИА од Белград, денеска реагираше и поранешниот српски премиер и лидер на Нова станка (НС), Зоран Живковиќ, кој изјави дека за демократскиот процес ќе биде „сосема доволно” власта да го повика ОБСЕ да ги контролира изборите, бидејќи ОБСЕ не е активен само на денот на изборите, туку неколку месеци порано. НС според него одлуката дали ќе излезе на избори ќе донесе кога ќе бидат распишани, а прва одлука на новата Влада ќе биде „апсење на Александар Вучиќ и сите оние кои учествувале во неговото владеење, поради предавство, организиран криминал и корупција, како и за организирање на убиства на не-мислители”.

Назначувањето на српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ за шеф на работната група за соработка со ОБСЕ за подобрување на изборниот процес е шлаканица за сите граѓани кои се борат за фер и слободни избори, реагираше денес потпретседателката на Партијата за слобода и правда (ССП), Мариника Тепиќ.

Со реакција се јави и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој назначувањето на Небојша Стефановиќ за шеф на работната група на српската влада за изборни услови го опиша како „политички смешно и провокација”, на што единствен одговор е „бојкот на изборите и ненормалниот политички систем под власта на СНС “.

За утре во Белград е закажана четвртата тркалезнаа маса меѓу невладините организации, власта и опозицијата, во рамките на Дијалогот за изборите 2020 година, а еден од организаторите, директорот на Фондот отворено општество Милан Антонијевиќ изјави дека „се надева дека одлуката за бојкот не значи и бојкот на разговорите.”

Треба да знаете
Последни објави