Швајцарецот Роџер Федерер, по поразот од Бугаринот Григор Димитров во четвртфиналето на тенискиот гренд слем УС опен, беше разочаран, но и оптимист дека сепак може да победи на еден од следните гренд слем турнири.
– Мислам дека сезоната ќе испадне добра. Сега сум вознемирен, но ќе биде добро. Немам кристална топка и не можам да ја знам иднината, но се надевам дека сепак ќе имам можност да освојам некој гренд слем турнир, изјави Федерер.
Триесет и осумгодишниот швајцарски тенисер беше трет носител и многу посакуваше да го освои УС опен, но стигна само до четвртфиналето.