ФИФА ќе му ја симне цената на Нејмар на 170 милиони евра

Во текот на целиот преоден рок кој штотуку заврши, бразилскиот фудбалски интернационалец Нејмар се обидуваше од ПСЖ да се врати во Барселона. Желбата не му се оствари. Барселона  и ПСЖ не се спогодија иако имаше повеќе понуди за да се реализира трансферот.

Нејмар не се откажува од враќањето во Барселона, па следното лето напомош ќе ги има и правилата на ФИФА. „Мундо Депортиво“ пишува дека ФИФА за 12 месеци може да го одреди износот од откупната клаузула, зашто во меѓувреме ќе помине „период на заштита“.  Ова правило се однесува на фудбалери кои немаат откупна клаузула, а три сезони имаат поминато во клубот, а во меѓувреме не ја продолжиле соработката.

Менаџерите на Нејмар веќе ја контактирале светската куќа на фудбалот (ФИФА) и знаат дека ќе може да се реализира трансфер со отштета од 170 милиони евра. Нејмар пред две години од Барселона се пресели во Париз за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави