Херцог: Македонија има компактен тим

Селекторот на фудбалската репрезентација на Израел,  австрискиот стратег Андреас Херцог во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар со Македонија во Бер Шева ја анализира играта на „црвено-жолтите“. Од направеното скенирање дошол до зклучок дека Израел ќе си има работа со незгоден тим. За да го победат ќе мора да играат офанзивно во текот на целиот меч.

-Ќе си имаме работа со опасен тим. Мораме да играме брзо и да ги притискаме постојано пред нивниот гол за да стигнеме до победа. Имаат добри поединци, како Елмас, Алијоски, Барди… Целиот тим делува компактно – вели Херцог.

Треба да знаете
Последни објави