Ѓорѓиев: Финска ќе падне ако играме како против Бугарија

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев е со зголемен оптимизам по доброто издание против Бугарија минатиот викенд на турнирот „Чајка” го очекува дебитантскиот настап на Европското првенство во Словенија кое ќе почне од 12 септември.

-Со изданието против Бугарија, играчите ме убедија дека можеме да играме на Европското првенство, а пред тоа, искрено, не верував дека ќе биде добро. Но, доколку играме како со Бугарите, Финска сигурно ќе падне! Игравме зрело, не правевме глупави грешки, со Бугарија ниту една топка не падна на терен, постојано ја допиравме, се боревме. Ако немаме проблеми со повреди, мислам дека ќе ја победиме Финска, вели Ѓоргиев.

На Европското првенство во Љубљана, Македонија е во групата-Ц  ќе игра со  Финска, Турција, Русија, Белорусија и домаќинот Словенија.

Треба да знаете
Последни објави