Ќерката на Џони Деп во друштво на своето момче на фестивалот во Венеција

Ќерката на актерот Џони Деп и на француската пејачка, актерка и манекенка Ванеса Паради, 20-годишната Лили-Роуз Деп, се појави на премиерата на филмот „Крал“ на 76. филмски фестивал во Венеција.

Младата манекенка и актерка, која, покрај кариерата, од родителите го наследила и изгледот, се прошета на црвениот килим во фустан во пастелна јоргован боја од брендот „Шанел“, чија муза е веќе неколку години.

Дискретната шминка, романтичната фризура и златните сандали го дополнија изгледот на 20-годишната убавица, која се појави во друштво на своето момче и колега од филмот, Тимоти Шамале.

Тоа беше прво појавување на младата двојка во јавност.

Треба да знаете
Последни објави