Насад со марихуана на покривот на една зграда беше откриен во Шпанија благодарение на ТВ-преносот од хеликоптер за време на велосипедската трка низ Шпанија – „Вуелта“, која е во тек.
Додека хеликоптерот ги следел велосипедистите во финишот на осмата етапа на „Вуелта“ во саботата, телевизискиот пренос од хеликоптерската камера покажал плантажа на зграда во Игуалада, Каталонија, североисточна Шпанија.
🔴 🚁 El helicóptero de #LaVuelta19 descubre una plantación de marihuana en una azotea. pic.twitter.com/Zhry3x1rng
— AUGC Guardia Civil (@AUGC_Comunica) September 3, 2019
Регионалната полиција на Каталонија почна истрага кога снимките беа масовно поставени на страниците на социјалните мрежи на интернет, влезе во зградата и заплени четириесет стебла канабис во вторникот, изјави денеска портпаролот на полицијата за АФП.
Полицијата сè уште трага по сопственикот на плантажата.
„Вуелта“ е меѓу трите најголеми велосипедски трки во светот, со италијанските „Џиро“ и „Тур де Франс“.