Давидовиќ: Апсурдно е Јанева да издава наредби од притвор

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ смета дека е смешна и апсурдна одлуката на Катица Јанева, која од притворот во Шутка испратила полномошно за префрлање на сите предмети во Јавното обвинителство, пишува МКД.мк.

Тој појаснува дека Јанева има право во координација со Истражниот затвор во Шутка и со Основниот кривичен суд да испрати писмо, но нема право на таква содржина на истото, односно да определува во кое обвинителство ќе припаднат предметите. 

-Катица Јанева се уште е специјален јавен обвинител. Но, ова е смешна и апсурдна ситуација која покажува колку се некадарни сите институции особено Советот на јавни обвинители, кој дури пред неколку дека даде предлог до Собранието за разрешување на Катица Јанева. Согласно Законот за СЈО, тие тоа требаше да го сторат многу порано, односно откако на Јанева и беше определена мерка притвор, вели Давидовиќ.

Треба да знаете
Последни објави