Полска со три од три ја заврши групната фаза

Репрезентацијата на Полска ја совлада селекцијата на Брегот на Слоновата коска (80:63) во натпревар од третото коло од групната фаза на Светското кошаркарско првенство.

Полските кошаркари ги победија сите три меча во групата  А и од првото место продолжуваат во следната фаза. За второто место во А-групаста во директен дуел ќе одлучуваат домаќинот на шампионатот Кина и Венецуела. Овој меч почнува во 14 часот.

Треба да знаете
Последни објави