Форумот на жени на СДСМ остро го осудува шовинизмот на Стоилковски

Форумот на жени на СДСМ остро го осудува шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во неговата објава против новата министерка за финансии, Нина Анегеловска.

Недозволиво и неодговорно е портпарол на парламентарна партија да се служи со родов шовизнизам и мизогинија и во своите објави на социјалните медиуми да употребува сексистички речник и говор на омраза насочен против жените. Оттука, го прашуваме Христијан Мицкоски, дали се согласува и ја одобрува објавата на неговиот протпарол Стоилковски?

Дали ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените? Ги повикуваме и жените во ВМРО-ДПМНЕ да одговорат дали се согласуваат со навредите на Стоилковски?

Дали неговата објава полна со шовинизам е дел од комуникацијата со жените внатре во партијата? Дали така им се обраќаат на партиски состаноци? Очигледно е дека ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е исто како и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. Тоа е истата матрица на навреди, матрица на понижување на жените и нивните права. Ги повикуваме сите граѓански здруженија да го осудат овој срамен и недоличен потег на Стоилковски.

Апелираме до сите граѓани да се спротивстват на ваквите ретроградни тенденции кои се спротивни на демократските и универзалните човечеки вредности. Потсетуваме дека Република Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените. Ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја покажуваат подготвенсоста на Владата предводена од СДСМ за унапредување на правата на жените.

Во Северна Македонија, нема и нема да има место за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените.

Треба да знаете
Последни објави