Автобусот што се преврте кај Ласкарци воопшто и не требало да биде пуштен во сообраќај

Неисправни автобуси, несоодветни технички прегледи, манипулации со тахографот, несоодветни стручни лица… ова се само дел од можните заклучоци по денешното судско рочиште за сообраќајната несреќа кај Ласкарци кога се преврте автобус на „Дурмо турс” и загинаа 16 лица- пишува МКД. Според сведочењата на дел од вработените во „Дурмо турс“ излегува дека шефот на возниот парк имал само основно образование, без стручна обука или курс за раководење со автобусите на компанијата.

Освен тоа на дел од автобусите биле ставени уреди за манипулација во тахографот, кои возачите ги активирале со прекинувач, за да не се прикаже реалната брзина на движење. Ова значи дека возачите со активирање на прекинувачот во секое време можеле да прикажат сосема други вредности за моменталната брзина на движење.

Автобусот што се превртел кај Ласкарци воопшто и не требало да биде пуштен во сообраќај. Прашање на ден беше кога ќе се случи некаква несреќа со тој автобус, дополни обвинителот и додаде дека преку овој настан општеството во целина мора да извлече поука.

 

Треба да знаете
Последни објави