Алушевски задоволен од победата, не и од играта на Еурофарм на премиерата во СЕХА

Македонскиот дебитант во ракометната СЕХА-лига, битолски Еурофарм Работник во премиерниот настап од регионалното натпреварување забележа победа над  рускиот Спартак Москва (34-29) пред своите гледачи. Тренерот Стевче Алушовски е задоволен од победничкиот старт, ама не и од играта која според него мора да биде на повисоко ниво ако сакаат да собираат бодови и на другите мечеви во лигашкиот дел.

-Им благодарам на играчите за историската победа. Имавме тежок старт, правевме грешки и противникот беше мотивиран. Ова игра не е таа со која сакам да се представиме во лигата. Јас сум тренер победник и мораме да играме многу подобро за да победуваме  -порача Алушевски по триумфот на македонскиот вицешампион.

Еурофар Работник покрај настапите во СЕХА-лигата за првпат ќе заигра и во Лигата на шампионите како втор претставник од замјава, покрај европскиот првак Вардар.

Треба да знаете
Последни објави