Андреску ги комплетира полуфиналните двојки на УС опен

Канаѓанката Бјанка Андреску ја совлада Белгијката Елис Мертенс во четвртфиналето на тенискиот гренд-слем турнир УС опен и избори пласман во полуфиналето. За нешто повеќе од два часа Андреску победи со 2-1 во сетови (3:6, 6:2 и 6:3).

Во полуфиналето противник ќе и биде Белинда Бенчиќ.

Во другото полуфинале ќе се соочат Елина Свитолина и Серена Вилијамс.

Треба да знаете
Последни објави