Германска фирма под истрага поради испорака на шпионски софтвер за Турција

Германски обвинители објавија денеска дека баварска компанија е под истрага како доставувач на софтвер за шпионирање на Турција штo се користeл за шпионирање на опозицијата преку телефон.

Минхенски обвинители наведоа дека под истрага се директори вработени во ФинФишер и две други компании што не се именувани откако во јули оваа година добиле извештај.

– Истражуваме можно кршење на Законот за извоз, наведуваат во изјавата обвинителите.

Германски медиуми јавија дека софтверот на ФинФишер наречен Финспај, поставен бил на телефони на активисти во 2017 година во знак на протест против масовните апсења .

Властите во Турција со тоа имале пристап до именици, фотографии и видеа на телефони. Засега ФинФишер не одговори на барањата за коментар на наводите на медиумите.

Треба да знаете
Последни објави