Двајца повредени во сообраќајка кај Кондово

На 04.09.2019 во 18.53 часот на локалниот пат с.Кондово-с.Свиларе, скопско, А.М.(19) од с.Кондово, управувајќи патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото. Во незгодата сопатникот М.А.(18) од с.Кондово се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави