ЕУ воспостави антитерористички регистар

Европската унија воспостави заеднички антитерористички регистар за да го олесни процесуирањето и носењето обвиненија против осомничените милитанти и луѓето кои се враќаат во своите земји по учеството во борбите на страна на Исламска држава во Сирија и Ирак, соопштија денеска претставници на Унијата.

Тој потег има за цел делумно решавање на судбината на стотици државјани на ЕУ кои се бореле за Исламска држава, а сега се наоѓаат во затворите во Ирак и Сирија.

Новата база на податоци ги опфаќа информациите од сите 28 земји членки на ЕУ за истрагите што се во тек, обвиненија и осуди против милитанти, што ќе помогне во соработката меѓу државните обвинителства.

Ова се очекува да помогне во осудата на воените злосторници и другите милитанти, кои инаку би можеле да бидат судени за помали кривични дела или воопшто да не им се суди, бидејќи во ЕУ не се собрани доволно докази.

Треба да знаете
Последни објави