Во шумата Пин Барен во Њу Џерси е пронајдена штотуку родена звечарка со две глави, а научниците откриле дека има два мозоци кои работат независно еден од друг.
Боб Запалорти од Херпетолошкото друштво рекол дека змијата ја откриле двајца работници во легло на крајот на август, дури откако тие се извеле, пренесува АП.
Таа е единствената таква змија досега откриена во Њу Џерси и најверојатно не би преживеала во дивината затоа што нејзините глави би можеле да удрат во нешто.