Австарлија ја скокна и Литванија

Австралија со максимални три победи на трите натпревари во групата Х го заврши настапот во првата фаза од Светското кошаркарско првенство во Кина. Во директна пресметка за првото место Австарлија ја совладаа Литванија (87-82).

Главна улога во новата победа за Австарлија одигра Пети Милс, човекот кој пред десетина дена в очи на стартот на мундобаскетот и ја донесе и историската победа на својат селекција против САД, прва во сите досегашни пресметки и ја прекина низата на САД од 78 триумфи градена 13 години.  Милс средбата ја заврши како најефикасен во австралискиот состав со 23 поени, реализирајќи ја клучната тројка во последната минута од средбата.

Литванија иако загуби заедно со Австралија продолжува во втората фаза каде ќе играат во група со Франција и Доминиканската Република.

Треба да знаете
Последни објави