Големиот пожар што избувна во крајбрежниот град на истокот на Атика продолжува да беснее веќе втор ден, а испратени се и повеќе пожарникари за да се осигури дека огнот не се шири понатаму.
Некои куќи беа евакуирани од предострожност, изјави портпаролот на пожарникарската служба Василис Ватракојанис, пренесува „Катимерини“.
Властите соопштија дека во областа се распоредени 138 пожарникари, четири канадери и пет хеликоптери.
Ова е седми пожар во последните девет дена во истата област.