На 04.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучен 10 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач-почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и пет возила, од кои четири бидејќи биле нерегистрирани и едно поради претовар. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издаден е 51 мандатен платен налог, а 45 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.