Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата донесе заклучок да му прдложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет”.
Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.
Залучокот на Комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева. На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО туку само за предлогот за разрешување. Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.