Министерот Исмаили во работна посета на Институтот за духовно и културно наследство  на Албанците

Mинистерот за  култура на Република Северна Македонија,  д-р Хусни Исмаили, денеска беше во работна посета на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците каде што беше пречекан  од директорот, д-р Скендер Асани.

Министерот Исмаили и директорот Асани разговараa за реализацијата на проектите на Институтот кои се поддржани од Министерството за култура, при што министерот за култура рече дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува културните проекти на Институтот, особено во областа на заштитата на културното наследство на Албанците во Северна Македонија.

Директорот Асани, од своја страна, му се заблагодари на министерот за посетата и изрази задоволство за поддршката на Институтот, како и убедување дека соработката ќе продолжи во иднина. Тој го запозна министерот со реализираните проекти, со новите предизвици со кои се соочува Институтот и со целите што ги има Институтот на научен и на културен план.

При оваа посета, министерот Исмаили учествуваше и на промоција на книга за Кол’ Бојаџиу, која, исто така, е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави