50-годишна жена се бори за живот на КАРИЛ, а нејзината 75-годишна мајка е во стабилна состојба, исто така, примена на КАРИЛ, откако синоќа моторџија удрил на пешачки премин четворица пешаци на булеварот Илинден во близина на гимназијата „Орце Николов“, велат За СДК од Клинички центар.
Моторџијата бил донесен на Ургентен центар со лесни повреди и пуштен на домашно лекување. Од полицијата најавија повеќе детали за сообраќајната несреќа во текот на денот, а според првични информации, станува збор за 38-годишник.