Нигерија ќе ги евакуира своите државјани од Јужна Африка

Нигерија најави план за евакуација на своите државјани од Јужна Африка по бранот ксенофобични напади, што сигнализира влошување на дипломатските односи помеѓу двете африакнски држави.

Министерството за надворешни работи на Нигерија соопшти дека на комерцијалните авиокомпании им понудила авион и бесплатен превоз за евакуација на нигериските државјани кои сакаат да се вратат од Јужна Африка.

Најмалку сто лица се уапсени по серијата немири што ја зафатија Јужна Африка за време на викендот. Две лица починаа во немирите, а жртви на нападите беа странци и сопственици на продавници.
Насилството почна во Преторија откако таксист беше убиен од локален дилер на дрога.

Стапката на невработеност во Јужна Африка е прилично висока, а населението често ги обвинува странските државјани дека им ја земаат работата. Тие исто така бараат на странците да не им биде дозволено да поседуваат продавници.

Треба да знаете
Последни објави