Американскиот Стејт департмент му понудил милиони долари на капетанот на иранскиот танкер што се најде во центарот на дипломатскиот сидир заради сомнежот дека превезува нафта за Сирија, јави Би-Би-Си.
Брајан Хок од американското министерство му пишал порака на капетанот на танкерот „Адријан Дарја”, а во неа бара во замена за пари бродот да застане на место каде САД ќе можат да го запленат.
Се уште постојкат сомневања дека танкерот превезува нафта за Сирија, а од истите причини во јули беше запленет од Велика Британија, кај Гибралтар. Ослободен беше на крајот од минатиот месец, откако иранските власти дадоа гаранции за тоа каде ќе се упати. САД се обидоа да го спречат одсободувањето на танкерот, а откако не успеаја веднаш издадоа наредба за негово запленување.
Веста за паричната понуда вчера прв ја објави весникот „Фајненшел Тајмс”, а потоа ја потврди и Стејт департментот.