Црна Гора нанижа и трет пораз на мундобаскетот

Бразил предводен од селекторот Александар Петровиќ и го нанесе третиот пораз во групата Ф на Црна Гора (84:73) на мундобаскетот кој се одржува во Кина. Барзил со овој триумф ја потврди добрата форма и како првопласиран продолжува во нареднат фаза.

Во групата Х, Канада стигна до првата победа, совладувајќи го Сенегал со 82:60 и заврши на третата позиција. Претходно селекцијата на Канада беше проазена од Австарлија и Литванија кои продолжуваат во наредната фаза. Сенегал со три порази го заврши групниот настап на Светското првенство во Кина.

Германија во последниот натпревар од групната фаза му се истури на Јордан (96:62) и ја прокнижи првата победа, отакако претрпе порази од Франција и изненадувачкиот од Доминиканска република.

 

Треба да знаете
Последни објави