На остров во западна Австралија откриен е еден тон дрога откако јахта поминала преку гребен и заринкала, а двете лица кои биле на неа побегнале.
Жителите ја известиле полицијата за јахтата „Зеро“ која се заринкала покрај островот Стик, како и за сомнителното однесување на луѓето кои биле на неа.
Полицијата набрзо започнала потрага и ги фатила двете лица, Французин и Британец, седум километри оддалечени од островот Бартон, каде што дошле со гумен чамец.
На островот биле пронајдени околу 40 торби прекриени со морски алги, а во нив имало околу еден тон дрога, кокаин и екстази.