„Амазон“ по грешка порано го испорача новиот роман на Маргарет Атвуд

Амазон усреќи неколку читатели кои направиле рана резервација за новата книга на Маргарет Атвуд, откако по грешка го испорача вториот дел од „Приказната на робинката“ цела недела порано.

Издавачката куќа на книгата „Тестаменти“ изјави дека се работи за мал број копии кои по грешка биле испорачани од страна на „Амазон“.

„Пингвин рандом хаус“ ги задолжи продавачите да ја чуваат книгата во тајност додека таа не биде објавена на 10 септември.

„Ова беше како да добив лотарија“, вели еден читател.

„Цела недела порано?!“, напиша друг читател.

Додека „Амазон“ не коментираше во врска со случката, а „Пингвин рандом хаус“ не сакаше да даде детали колку книги биле испратени, весникот „Гардијан“ направи груба претпоставка дека се работи за околу 800 копии.

„Тестаменти“ е наслов кој со нетрпение се очекува оваа година, а пристига околу 34 години по првиот дел на Атвуд.

Грешката на „Амазон“ ги разлути останатите продавачи кои сметаат дека доколку тие ја направеле оваа грешка, сигурно ќе биле казнети, но се сомневаат дека истото би важело за „Амазон“.

Треба да знаете
Последни објави