Официјални лица од Кина и САД се договорија да одржат трговски преговори на високо ниво во Вашингтон на почетокот на октомври, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија, во услови на загриженост дека ескалирачката трговска војна може да предизвика рецесија во глобалната економија.
Најавата за нова рунда преговори дојде по телефонскиот разговор помеѓу кинескиот вицепремиер Лиу Хи, американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и американскиот министер за финансии Стивен Менушин, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Ројтерс“.
„Двете страни се согласија дека треба да работат заедно и да преземат практични активности за да создадат добри услови за консултации“, велат од министерството.