Возач во Осиек казнет со 10.256 евра

Еден возач од Осиек е казнет со парична казна од 10.256 евра и забрана за возење во период од две години, бидејќи во алкохолизирана состојба предизвикал судир во овој хрватски град, а потоа одбил да запре и побегнал на црвено.

Покрај тоа, тој возел иако неговата дозвола била привремено одземена, пренесува хрватски „Индекс“.

Полицијата во градот во средата соопшти дека уапсила 52-годишен маж, кој со неприлагодина брзина и со 2,8 промили алкохол во крвта, во вторникот удрил во паркирани автомобили и продолжил да вози и покрај полициска наредба да застане.

На крстосница, тој минал на црвено светло на семафорот и дури подоцна застанал.

Од полицијата велат дека за сторените прекршоци е предвидена парична казна во износ од 10.256 евра и двегодишна забрана за возење, како и 24 негативни поени за возачот.

Треба да знаете
Последни објави