САД постојано прават обиди да се мешаат во внатрешните работи на Русија и Кина, изјави официјалната портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на Источниот економски форум (ЕЕФ) во Владивосток, пренесува ТАСС.
„Ние редовно го гледаме ова мешање, со различно ниво на вклученост и употреба на разни технолошки и други средства. За тоа зборуваме цело време. Слична ситуација има и во во однос на Кина“, рече Закахрова.
„Знаеме многу прашања за кои САД сметаат дека е соодветно да сги коментираат и покрај тоа што се однесуваат на внатрешните работи на Кина, како на пример прашањето на Тибет, што треба да се реши во рамките на Кина. Штом САД треба да ја потврдат својата доминација во односите со Кина, тие веднаш скокаат на ова прашање за кое сметаат дека имаат право да коментираат“, додаде таа.