Лидерот на опозициското Движење Самоопределување, Албин Курти изјави дека не е против дијалог со Белград, кој би се засновал врз обврзни три принципи и откако „Косово ќе зајакне како држава”.
Според приштинскиот весник „Коха”, Курти истакна дека дијалогот со Белград не може да трае во недоглед.
Тој нагласи дека три принципи врз кои треба да се заснова дијалогот се: дека нема договор без дијалог, дека не може да се водат преговори врз основа на мапи и дека тие мапи не можат да бидат во рацете на косовскиот претседател.
Курти смета дека во дијалогот е неопходен реципроцитет.
– Во Србија има повеќе Албанци отколку Срби во Косово. Треба да се нагласи дека преговорите се бојно поле со непознат исход. Не треба да чекаме Србија да каже што бара од нас за дури тогаш ние да бараме нешто од неа, изјави лидерот на Самоопределување, додавајќи дека не смее дел од дијалогот да биде „трговија со територии”.