Трката за Големата награда на Италија ќе биде на календарот во Формула 1 најмалку до 2024 година, според официјалната веб-страница на натпреварувањето. Договорот со организаторите на трката е продолжен за пет години.
Гран-при на Италија прв пат во календарот на Ф-1 се најде во 1950 година. Трката се одржува во Монца. Исклучок беше 1980 година, кога натпреварот се одржа во Имола.