Тајландскиот главен град Бангкок е на првото место на најпосетувани градови во светот, пред Париз и Лондон, покажува годишното истражување на Мастеркард.
Бангкок е најпосетуван град во светот четврта година по ред со 22,8 милиони посетители. Париз и Лондон се на второто и третото место со околу 19,1 милиони посети, а потоа следи Дубаи со 15,9 милиони. Списокот го продолжуваат два града во југоисточна Азија, Сингапур и Куала Лумпур, кои се рангирани на петтото и шестото место. Според истражувањето кое опфаќа 200 градови, во првите десет се и уште Њујорк, Истанбул, Токио и Анталија.
Бројот на меѓународни посетители во анализираните 200 градови е зголемен за 76 проценти во последните 10 години. И покрај фактот дека Бангкок е на врвот на листата неколку години, тајландскиот туризам бележи благ пад во посетите, што не е незначително во земја каде туризмот генерира 12 проценти од приходите.