Петмина повредени во сообраќајка на Илинденска

На 04.09.2019 во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. К.Д била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, В.Д.К. и С.Т. биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Л.К. била пренесена во градската општа болница „8-ми Септември“, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави