Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, ќе дебитира на тренерската клупа кај италјанскиот првак, во Серија А, по паузата за репрезентативните настапи пренесува „Газета дело спорт”. Шеесет годишниот фудбалски стручњак Сари поради пневмонија не ја водеше „старата дама“ на мечевите од првите две кола со Парма и Наполи, од кои „старата дама“ прокнижи максимални шест бода.
Сари вчера го водеше последниот дел од тренингот на „старата дама“. Следниот натпревар Јувентус ќе го игра на 14 септември во Фиренца со Фиорентина во 3. коло од Серија А.