Силна експлозија денеска повторно одекна во Кабул, во делот од градот каде се наоѓаат странски амбасади и владини згради, јави ДПА.
Од силината на експлозијата се треселе вратите и прозорците на објектите во околината, а голем облак од чад се надвил над овој дел од градот, пренесе агенцијата.
Засега не се знае причината за експлозијата, а според некои локални медиуми во нападот има неколкумина загинати и повеќе поредени лица.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека не се знае која е целта на нападот.
-Амбулантните возила и спасувачките екипи се упатени на местото на експлозијата, додаде тој.
Ова е втора експлозија што ја потресува престолнината на Авганистан за само неколку дена. Во понеделникот во самоубиствен напад на талибанците во Кабул беа убиени 16 лица, а 119 беа поврдени.