Сопругата на Кевин Јансен, фудбалер од средниот ред на Гол Гохар Сиржан, беше замолена да ги напушти трибините за време на натпреварот од 2. коло на иранскиот шампионат со Сајпој (0:0), јавува новинарот Пежман Рахбар. Таа ја догледала средбата во канцеларискиот простор на стадионот.
Ова е сторено заради иранските обичаи, во оваа земја на девојките им е забрането да одат на стадиони. Јансен летово се приклучи на иранскиот клуб од холандската Камбура како слободен играч.