Филип Даскаловски, координатор на советничка група на СДСМ во Совет на Општина Карпош,

Општина Карпош воведе посебно овластени лица за зголемена безбедност на учениците пред училиштата.

Имено, од сите 10 основни училишта, лица од административно – техничкиот кадар ги пречекуваат учениците, секое утро, почнувајќи од првиот училишен ден, во моментите кога сообраќајниот метеж е најголем.

Овие лица се со посебни обележја, униформа и сообраќаен знак, со цел да бидат видливи и препознатливи за сите учесници во сообраќајот, a делуваат и за време на одморите, како и во моментите кога учениците заминуваат од училиштето.

Оваа мерка ќе трае во текот на целата учебна година.

Дополнително, во моментов се работи на поставување на нови „лежечки полицајци”, пред училиштата: „Јан Амос Коменски”, „Војдан Чернодрински”, „Братство” и „Димо Хаџи Димов”.

Во Тафталиџе 1 и Карпош 4 веќе е воведена и ЗОНА 30 пред воспитно -образовните установи (училишта и градинки).

Локалната самоуправа предводена од СДСМ работи на зголемена и сеопфатна безбедност на најмладите во сообраќајот.

Дополнително, апелираме до сите возачи и учесници во сообраќајот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да возат совесно и одговорно.

Нашите деца нека бидат АЛАРМ за поголема безбедност на целата заедница.

Треба да знаете
Последни објави