Хрватската влада планира од 2021 година да воведе пензија за своите граѓани кои немат ниту еден ден работен стаж. На ваква пензија би имале право луѓето постари од 65 години кои не биле запослени или работеле помалку од 15 години, што е минимумот работен стаж за да се стеке правото за пензија.
Исплатата на ваквата пензија според хрватските медиуми ја најавил министерот за труд и пензиско осигурување Јосип Аладровиќ, кој напоменал дека оваа мерка представува еден вид заштите од сиромаштија во поодминатите години од животот.
Според проценките на министерството оваа пензија би ја добивале околу 50.000 луѓе, а незиниот износ би бил помал од најниската сега пензија во земјата која изнесува 130 евра. Според податоците 53.000 граѓани во 2021 година ќе имаат повеќе од 65 години, а нема да оставруваат никакви приходи за живот.
Просечната пензија во Хрватска изнесува 340 евра. Пензискиот систем во Хрватска има сериозни проблеми поради тоа што бројот на вработените и бројот на пензионери се израмнил (еден пензионер доаѓа на 1,29 вработен) во време кога се случуваат големи демографски промени предизвикани од масовни иселувања. Во вакви околности незадовлни се сите. Работниците бидејќи голем дел од платите им се издвојува за пензискиот фонд, а пензионерите поради ниските финасиски примања.
.